Јавното обвинителство проверува дали има саботажа во случајот со хируршките сали

од Milan1
745 прегледи

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на Македонската телевизија, изјави дека се проверува дали евентуално е сторено кривичното дело диверзија или саботажа во случајот со хируршките сали во Клиничкиот центар.

– Јавното обвинителство, постапувајќи по известување на министерот за здравство, има оформено предмет при што отпочнат е процес за да се утврди дали постои кривично дело во случајот со двонеделното неработење на хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, изјави Коцевски.

Слични содржини