Јелена Ѓоковиќ ги поддржа студентте со песната „Паѓа Влада“ и порача: „Фала му на Бога што ве имаме“

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Јелена Ѓоковиќ преку својот Инстаграм профил ги поддржа протестите кои денеска се одржуваат во Белград.

Имено, сопругата на Новак Ѓоковиќ сподели неколку стории на Инстаграм, а посебно се истакна клипот со песната „Паѓа Влада“ од Момчило Бајагиќ Бајага.

„Вака се дочекуваат највисоките човечки вредности! Упорност, храброст, чесност, мир, вера, хармонија, правда, лојалност, надеж и љубов! Фала му на Бога што ве имаме! Со вас, сите ние сме повторно студенти“, рече таа во својата прва објава.

Набргу потоа таа сподели уште неколку снимки од синоќешната забава за добредојде на белградските студенти, пишувајќи: „Колку е убав овој наш млад свет“ и „Најчистиот град на светот… Белград дише со сите сили денес“.

За потсетување, во Белград во 16 часот официјално почнаа големи граѓански протести, а се очекува да се соберат стотици илјади граѓани пред Народното собрание на Србија.

Инаку, студентските протести во Србија, кои следеа по уривањето на настрешница и трагичната несреќа на железничката станица во Нови Сад, започнаа кон крајот на 2024 година. Студентите бараат се што е поврзано со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад да биде достапно за јавноста, а сите кои биле соучесници во оваа несреќа да одговараат.

Слични содржини