Пејачката Јелена Розга неодамна во својот профил на Инстаграм сподели фотографија од издание во кое ретко ја гледаме. Таа носеше неформален изглед што го „зачини“ на вистински начин. Имено, стилот за шетање на Јелена Розга низ Сплит се состоеше од панталони и ленен топ, плетена торба и чевли кои привлекоа најголемо внимание.
Исто како светските sвезди, и Јелена донесе чевли од најновата колекција на модната куќа Валентино Гаравани, впечатливи балетанки во жолто со златни заковки карактеристични за овој бренд. Патем, овие чевли се „must have“ ова лето, а чинат вртоглави 900 евра. Јелена не жали што даде вистинско мало богатство за ова парче, кое секако претставува тренд во модните кругови.
На следбениците на пејачката несомнено им се допадна овој лежерен стајлинг, па ѝ испратија многу комплименти, а лајковите пристигнаа во огромен број.