Пред да го освои целиот Балкан и да почне да ги полни арените низ регионот, Јелена Розга беше женски вокал на групата „Магазин“.
Јелена стана дел од оваа хрватска поп група кон крајот на деведесеттите, а на почетокот се случи големиот хит „Гинем“.
Тончи Хуљиќ во интервју откри дека за време на потрагата за нова пејачка слушнал нечиј предлог млада, витка, русокоса балерина, која се вика Јелена Розга, да биде негова нова пејачка, иако не ја ни слушнал како пее. Тончи веднаш се согласил. Тој дополнително бил воодушевен од нејзиниот талент, а токму Јелена остави најголем белег во оваа група, пишува „Блиц“.
Јелена ја започна својата соло кариера во 2006 година, а во врска со напуштањето на групата „Магазин“, во едно интервју изјави:
„Повеќе не бев среќна. Сакав да го напуштам ‘Магазин’ во 2004 година, но Тончи ми рече: ‘Ајде да снимиме уште еден албум’ и така се роди мојот најголем хит ‘Не тиче ме се’. Од ‘Магазин’ научив многу“.