Пејачката Јелена Розга наводно повеќе никаде не оди без обезбедување. Според регионалните медиуми, Јелена неодамна на вратата од хотелската соба во која престојувала пронашла писмо кое ја вознемирило, па стравува за својот живот.
„Јелена доби писмо во кое пишуваше нешто што многу вознемири. Таа не сакаше никому, па ни на својот менаџер да открие што пишува и зошто е вознемирена и под стрес. Таа само побара да се привлече вниманието на организаторите и дека сака да има поголем круг на обезбедување околу себе, дури рече дека ќе плати луѓе само за да се засили обезбедувањето кога ќе дојде на настап. Како што се зборува, откако пред неколку години еден обожавател ја демнел низ Сплит и навечер дошол на вратата од нејзиниот стан, па морала да го пријави во полиција и да побара полициска заштита, Јелена живее во страв за нејзиниот живот. Ова навистина ја потресе! Иако сите инсистираа таа да им каже за што се работи, таа само рече дека се е во ред и дека ја контактираат обожавателите, кои понекогаш знаат да бидат и малку напорни“, изјави извор близок до пејачката за „Стар“.