Јована Јеремиќ, можеби најпознатата водителка на омилената програма на Александар Вучиќ, за време на утринската програма на Пинк сакаше на гледачите да им покаже одредено видео на интернет, но инсистираше тоа да го направи „од својот телефон“. Тоа се покажа како голема грешка, пренесе „Јутарњи.хр“.
„Вчера имавме технички проблеми, но не е важно, мојот телефон работи“, рече Јеремиќ и го извади мобилниот телефон.
Додека на нејзиниот мобилен телефон се прикажуваа различни кадри од шоуто, гледачите можеа да ги видат имињата на неколку порнографски страници на горниот дел од екранот на телефонот на Јована.
Sta to Jovanica gleda na svom telefonu sok traje emisija 😂
Pogledajte gornju liniju internet brauzera. 😂😂😂#UcitatiNecemo pic.twitter.com/NX9fUUf0VI— DobarLosZao (@LosZao) July 23, 2023
Јеремиќ сега тврди дека не ги посетила тие страници за возрасни и дека не знае за што станува збор.
„Знаете дека немам проблем да кажам дека гледам нешто, но ова нема врска со мене. Не гледам порно филмови на мојот телефон, а кога ги гледам тоа го правам на компјутер. Гледам што е означено овде, но не сум посетила ништо од тоа, ниту одам на Твитер затоа што немам. Како што ми беше пратен линкот, го пуштив, тоа е тоа“, изјавила Јеремиќ за 24sedam и додаде дека „кога ќе кликне на линкот, така излегува“.
„Кога ќе кликнете на линкот се нуди некоја порнографска содржина, кликнав со намера да ја исклучам, но никој не гледаше порно филмови на телефон. Тоа воопшто не е моја листа на зачувани страници“, додаде таа.