Јермак: Во Вашингтон разговараме за воена поддршка за Украина и санкции врз Русија

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Делегација на украинската влада денес пристигна во Вашингтон за да разговара за воена поддршка и санкции врз Русија, еден ден откако Киев и Москва одржаа втора рунда мировни преговори.

Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека пристигнал во Вашингтон заедно со првиот заменик-премиер и други владини претставници, објави Ројтерс.

„Ќе отвориме прашања што се важни за Украина. Нашата агенда е доста сеопфатна“, сподели Јермак на Телеграм.

Слични содржини