Ризиците за директна воена конфронтација меѓу двете нуклеарни сили – Русија и САД – постојано растат, изјави директорот на Одделот за неширење и контрола на оружјето на Министерството за надворешни работи на Русија, Владимир Јермаков.
Тој изјави за ТАСС дека ако САД продолжат да го следат сегашниот курс на конфронтација со Русија, судбината на договорот СТАРТ за намалување на стратешкото нуклеарно оружје може да биде однапред одредена.
„Доколку настаните се развијат според најлошото сценарио, односно ако Вашингтон ја доведе ситуацијата до воен конфликт меѓу двете најголеми нуклеарни сили, ќе биде неопходно да се грижиме не за спас на СТАРТ, туку за судбината на целиот свет.“, истакна Јермаков.