Језиво предупредување до Бундестагот: Кружи листа со имиња на „германски политичари за стрелање“

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Германската криминална служба (БКА) предупреди дека на Интернет кружи список за стрелање на германски политичари.

На една социјална мрежа, смртните закани се шират кон сите политичари на германскиот Бундестаг кои минатата недела гласаа за промена на Законот за епидемија, со кој се воведува полициски час.

Како што се наведува, објавен е список со имињата на пратениците кои гласале за новиот закон, со забелешка дека тие се „германски политичари за стрелање“.

Медиумите во Германија наведуваат дека списокот е споделен на социјалната мрежа Телеграм.

За тоа БКА ги извести парламентарните клубови во Бундестагот, рече шефицата на парламентарниот клуб на Социјалдемократската партија (СПД), Грабријела Качмарек, која по тој повод ги повика своите колеги заменици да се јават доколку бидат изложени на непријатности или забележат нешто упадливо.

Слични содржини