Jiangnan U2

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Кинеската компанија Jiangnan Automobile се подготвува да им понуди на клиентите помал електричен хечбек едноставно наречен U2.

Во однос на димензиите, Jiangnan U2 е долг 3840 mm, широк 1742 mm, висок 1545 mm, со меѓуоскино растојание од 2521 mm и тркала од 17 инчи.

U2 е базиран на новата платформа J-Smart 1.0, а на клиентите ќе им бидат понудени две верзии: послабата има електричен мотор со 55 kW/75 КС и 120 Nm, а посилната има 80 kW/109 КС и 160 Nm.

Во зависност од верзијата, досегот со едно полнење на батеријата е 305 или 406 km (според CLTC стандардите).

Цените се уште не се објавени, но се најавува дека ќе бидат атрактивни.