Јилдиз на цена: Арсенал и Јунајтед први во редот

од Vladimir Zorba

Кенан Јилдиз оваа сезона привлече големо внимание во дресот на Јувентус. Младиот турски фудбалер е желба на големите клубови, а торинскиот клуб нема така лесно да се откаже од него.

Имено, први во низата за Јилдиз моментално се Арсенал и Манчестер Јунајтед, но Јувентус не брза да го продаде младиот играч. Двата клуба од Англија сакаат да доведат уште еден напаѓач за следната сезона, особено Арсенал, а на мета е Јилдиз. Арсенал го сакаше и Душан Влаховиќ од Јувентус, но на крајот се откажа (барем засега) поради големото обештетување кое го бара „Старата дама“.

Арсенал наводно веќе подготвил 34 милиони фунти, но Јувентус ќе ги одбие.

И Јилдиз нема да биде евтин. Јувентус ќе бара над 50 милиони фунти за турскиот напаѓач. Кенан Јилдиз сезонава одигра 17 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола.

Слични содржини