Вежбите по јога можат да го направат женскиот оргазам исклучително интензивен. До овој заклучок дошле група специјалисти, кои ја испитувале сексуалната активност на претставничките на понежниот пол.
Според експертите не треба да ги правите најсложените вежби, доволно е да ги совладате четирите основни положби на јогата и да ги вежбате редовно.
Јогата ги стимулира мускулите на нозете и стомакот, кои се активираат за време на секс. Ако овие мускули се добро развиени, тогаш жените доживуваат незаборавен оргазам. Освен тоа јогата ни помага да се избавиме од депресијата и анксиозноста.
Најдобро е да тренираме навечер, бидејќи тоа ќе ни помогне да се опуштиме пред секс, советуваат научниците.