JOHNNIE WALKER ВЕ ПОВИКУВА НА ГЛОБАЛНИОТ ПРЕДИЗВИК ЗА БАРМЕНИ

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Бармени од целиот свет се поканети да бидат креативни со своите коктели и да добијат единствена можност – ексклузивно патување во Шкотска.

Светскиот број еден шкотско виски Џони Вокер лансира нов Инстаграм предизвик за бармените ширум светот, фокусирајќи се на едно од најкултните и најпродаваните виски на брендот: Johnnie Walker Black Label. Овој реномиран бренд на бармените им нуди можност да освојат ексклузивно и извонредно искуство со JOHNIE WALKER BLACK LABEL во Шкотска.

За учество во овој предизвик ќе бидат земени предвид, бармените кои ќе постават јавна објава на Инстаграм од нивниот личен профил и ќе прикажат автентичен коктел со JOHNIE WALKER BLACK LABEL. Дополнително истиот пост треба да го содржи и рецептот на коктелот како и да ја наведат причината зошто JOHNIE WALKER BLACK LABEL функционира совршено во сервирањето. Во постот треба да се тагне профилот на:@johnniewalker и да се искористат хаштаговите #KeepWalking и #JWBlackLabel.

Пријавите треба да се достават најдоцна до 23:59 часот на 6 март 2023 година, а победникот ќе биде објавен на 17 март 2023 година. Истите ќе бидат оценети според естетиката и според балансот на рецептот и креативноста од професионално жири, во кое ќе бидат и Тим Филипс-Јохансон, глобален амбасадор на брендот Џони Вокер, Адриан Михалчик, победник за 2022 на светски познатиот натпревар World Class Global Bartender of the Year 2022 и Ник Тезар, победник за 2022 на Australia World Class winner како и победник на World Class Johnnie Walker предизвикот.

Патувањето за победниците е предвидено за мај 2023 година !

Повеќе информации за правила и услови за учество во предизвикот, погледнете на: https://www.johnniewalker.com/en/terms-and-conditions/bartender-challenge-terms-and-conditions/ и @johnniewalker на Instagram.

Слични содржини