Јоко Оно ќе стане дизајнер на чаши за кафе, кои ќе бидат украсени со нејзиниот сопствен ракопис.
Линијата филџани ќе биде инспирирана од различни трагични настани, вклучувајќи го и убиството на нејзиниот сопруг Џон Ленон, бомбардирањето над градот Герника за време на Граѓанската војна во Шпанија, како и детонирањето на атомската бомба врз Хирошима во 1945 година. Секоја од чашите ќе содржи датумот и местото на трагичниот настан, а ќе има и една чаша која ќе биде оставена празна како симбол на надеж.
Ѕвездата ќе работи на проектот заедно со компанијата за производство на кафе “illy”, а целата линија ќе содржи вкупно седум чаши.