357
Договорот за добрососедство се заснова меѓу две држави, чин каде одлучуваат и потпишуваат политичарите во име на граѓаните, вели Љубомир Јосифовски, екс пратеник на НСДП во 24 анализа.
„Она што не смееше ниту претседателот и премиерот да си дозволат е моментот да ја дискутираат историјата на Македонија, не смееја да си дозволат да влезат во полемика за македонштината и да аргументираат туѓи изјави на наши пресови како факти.Македонија има своја историја која се негува со векови и секој кој ќе допре ќе најде одбрамбен штит.Во најкраток рок, политичарите треба да се изземат од договори и факти кои може да ги толкуваат само историчарите кои се тие кои треба да преговараат за историјата, изјави Јосифовски.