206
„За десет дена од денес се менува играта, државата добива директни преговори со ЕУ, за некој месец ќе влеземе во НАТО. Тоа се нарекува целосен “game changer”.“ – оценува политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ.
„Кој е единствено надвор од овие процеси?“ – прашува Јовановиќ оценувајќи дека „Никој друг освен сектата на Мицкоски. Очекувано, предвидливо и очајно глупо.“ – оценува тој.
„Јанчев, Богојевски и останатите треба да притиснат и’ да си ја вратат партијата пред вистинското десноориентирано членство. А тоа што денес ги карактеризираат за предавници, утре ќе ги прифатат како вистински реформатори. Само велам, треба да ја набркаат таа штетна и заблудена багра присобрана околу Мицкоски.“ – пишува Јовановиќ.