443
Поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, на својот Фејсбук профил сподели дека „Ленче Ристовска и Стојко Пауновски се никулци на новото време, кои никој ќе не може да ги сопре“.
Реакцијата доаѓа откако Ленче Ристоска не беше унапредена во Вишото Обвинителство, а од друга страна се поизвесно е дека директорот на ДПИ, Стојко Пауновски ќе биде разрешен, откако одби да прими 35 рамковно вработени, кои досега седеа дома.
,,Можда Ленче Ристоска и Стојко Пауновски некому денес му изгледаат како губитници. Јас, пак, ги гледам како никулци на новото време што доаѓа во земјава. И, никој нема да може тоа да го запре”, напиша Јовановски