Подобрување на условите во Пензионерскиот дом во Кичево, како и и уредување на речното корито во градот, најави кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски.
Тој посочи дека итно ќе пристапи кон преземање на мерки за да се подобрат условите за живеење во моменталниов пензионерски дом.
Инаку, во првиот круг, Јовановски освои 44,50 отсто од гласовите, односно 11,682 гласа. Зад него е актуелниот градоначалник, Фатмир Дехари од ДУИ со 21,28 отсто или 5.586 гласа. Двајцата ќе се соочат во вториот круг на 2 ноември.