Јовановски: Ние го едуцираме и подготвуваме наставниот кадар за сеопфатно сексуално образование

Во своето гостување во „Топ тема“, извршниот директор на ХЕРА, Бојан Јовановски, посочи на големо се работи за примена и имплементација на сеопфатното сексуално образование.

„Битката за сеопфатно сексуално образование ја водиме веќе две децении. Сеопфатното сексуално образование го водиме преку неформален пат. Нашата задача е да бидеме продолжена рака на семејството, и преку овој систем би сакале да направиме нешто што е добро за децата и нивниот сексуален развој. Тоа што го правиме со Бирото за развој во образованието е сериозна едукација и подготвеност за наставниот кадар. Стереотипни информации во учебниците постојат и истите треба да се променат за да се направи дистинкција и да не се создава родова нееднаквост. Ние решивме да го разложиме ова сеопфатно сексуално образование на повеќе тематски целини“, истакна Јовановски.

Слични содржини