Јовановски: Предлогот за намалување на данокот на добивка ќе значи дека компаниите остатокот место кај нас ќе го плаќаат во други држави

од Vladimir Zorba

„Македонија како суверена држава има право да си креира даночна политика, но договорот на ОЕЦД предвидува дококлу државата оданочи со помала стапка – да речеме 10, 8 или 5 отсто, разликата до 15 отсто, компанијата ќе си ја плати во нејзината матична држава“ рече економскиот новинар Мирче Јовановски во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека можно е државата да сноси реперкусии доколку се одлучиме на чекор да оданочуваме со различни стапки од договорот во ОЕЦД.

„Не знам колку е познато на пошироката јавност, но во рамки на ОЕЦД подолго време се дебатира и веќе е договорено одредено ниво на данок на добивка на глобално ниво за големите корпорации. Македонија се приклучи на тој глобален договор, па ветувањето на Мицкоски за намалување на данокот на добивка е контра таквиот договор“ рече Јовановски.

Новинарот исто така рече дека и ветувањето на Мицкоски за креирање на фонд за проекти на локалната самоуправа во вредност од 250 милиони денари е спротивен на заложбите на општините за зголемување на децентрализацијата.

„Општините се борат да добијат повеќе од колачот на данокот на додадена вредност, од персоналниот данок. Сега некако како да се заговора процес на централизација. Секоја општина ќе конкурира со некој проект, а Владата ќе биде таа која одлучува дали тој проект е добар или не“ рече Јовановски.

Слични содржини