Јовановски: Зоолошката градина во Скопје се трансформира во центар за рехабилитација на автохтони животни

од Илинка Илиоска
335 прегледи

Концептот на затворање и трансформирање на скопската Зоолошка градина значи иницајлно запирање на секакви нови животни коишто треба да дојдат. Потоа, преместување и трансферирање назад на постоечките животни кон живеалишта коишто се со соодветни услови за нив и финално претворање на зоолошката градина на во центар за рехабилитација за автохтони животни, животни кои природно се наоѓаат на тлото на Македонија, значи не слонови и жирафи, туку животни коишто ги имаме ние тука, изјави за Локално советникот во Град Скопје од Зелен Хуман Град, Горјан Јовановски.

Тој истакна дека на тој начин ќе може одново да се искористи просторот, да се користи за доброто на животните, а не да бидат чувани во затворени во кафези.

-Ова се трите чекори што се потребни за да се постигне вакво нешто. Едноставно треба само да почнеме правилно да го користиме буџетот за зоолошката што и така е мал. Наместо да ги зголемуваме животните и после да немаме доволно за нив и за нивното одржување може тие средства да ги искористиме за трансферирање на животните кон подобри живеалишта и да не земаме дополнително нови, рече Јовановски.

Инаку  ваков центар за згрижување на диви животни се чека повеќе од две децениии. Македонското еколошко друштво – МЕД, подолг период ја поддржува иницијативата за создавање центар за згрижување на диви животни кој би бил наменет за нега на повредени автохтони животни или младенчиња без родители, кои имаат потреба од медицинска грижа и помош додека не достигнат возраст за самостоен живот во природата.

И.И.

 

Слични содржини