Јове Кекеновски: Фронт против простотилакот и самоволието на властодршците

од Vladimir Zorba
132 прегледи

За неколку дена на македонската политичка сцена ќе биде промвирано уште едно здружение, фронт, чија цел ќе биде освојување на власта за подобра Македонија. Иницијатори на Фронтот за демократска Македонија се професорот Јове Кекеновски и бизнисменот Трифун Костовски.

Во платформата на ФроДеМ пишува дека ова здружение се формира поради стрмглавото уривање наа институциите на системот и општествените вредности во Република Македонија. Фронтот ќе биде принципиелен, патриотски и морален одговор на сѐ поголемата загриженост за правецот по кој се движи Македонија.

Еден од иницијаторите на ова здружение е и професорот Јове Кекеновски.

Ви пренесуваме дел од интервјуто на Кекеновски за МКД.мк.

jove kekenovski

За неколку дена ќе го промовирате Фронтот за демократска Македонија. Вие досега бевте вмешани во неколку вакви слични иницијативи. Што е разликата меѓу ФроДеМ и Форумот на слободоумни патриоти или здружението Има иднина на Лазаревиќ…?

-И едното и другото имаа и демократски, легитимни и благородни цели. Има Иднина е здружение за унапредување на демократските и политичките процеси во државата кое е посветено на Македонија како држава на благосостојбата заснована на демократијата, знаењето и одговорноста. Јас како демократ по убедување со сето свое битие ја поддржав идејата на г. Лазаревиќ, и учествував во основање на здружението и денешно негово функционирање. Вакви здруженија на граѓани кои имаат ваква благородна цел, сите ние кои се бориме против автократијата и тоталитаризмот, против деформираната и контролирана демократија мораме и треба да ги поддржиме. Форумот на слободоумни патриоти беше неформална организација на патриоти од кои најголем дел од нив учествувале во основањето на ВМРО-ДПМНЕ и кои сериозно беа загрижени за правецот во кој се движи нашата држава, но и за иднината на нашата матична партија. Желбата беше да се спречи секој понатамошен обид за дезидеологизација на ВМРО-ДПМНЕ како народна партија со демохристијанска ориентација, да ја вратиме демократијата во партијата, како и да укажеме и да ги исправиме сите недоследности во тековното функционирање на партијата. Имавме морална и патриотска обврска да ја оправдаме додавката ДПМНЕ, која за жал е изгнасена токму од оние кои овие десетина години управуваат со партијата и државата.

ФроДеМ или Фронтот за демократска Македонија е круна на сите мои заложби на овој план. Фронтот всушност е мисија која посветено и ревносно ќе делува во правец да биде доверлив „коректив“ на севкупните политичко општествени состојби. Целта е да се детектираат сите сериозни критички точки во функционирањето на политичкиот систем, и притоа да се нудат конкретни решенија за актуелните проблеми и состојби, систематизирано во една долгорочна и одржлива визија за развој и просперитет на македонското општество и по падот на режимот на оваа власт.

Што стана со т.н. амстердамска тројка со која бевте близок?

-За тоа што стана со тројката ќе треба да ги прашате тие кои ја сочинуваа таа мала, но голема по идеи групација. Јас приватно сум во одлични релации со нив, делиме исти или слични вредности, ставови и погледи за целокупната актуелна ситуација во државата.

Освен Трифун Костовски, кои други познати македонски личности, организации, партии… се вклучија во ФроДеМ?

-Се вклучија, се вклучуваат и ќе се вклучат луѓе кои не можат повеќе да го гледаат и издржат овој непримерен начин на владеење, овој прекумерен занес од славата и привилегиите кои ги носи политичката функција, оние кои не можат да го поднесат пренагласеното чувство на семоќност на однародените избраници, како и оние на кои им е преку глава ова срамно и бедно сеење страв кон секој што ќе покаже и најмала доза слободоумност и храброст. Едноставно тука се, и тука ќе бидат сите оние кои се гадат од овој невиден простотилак и самоволие на властодршците. Ние слободоумните граѓани на Македонија сплотено и осојузени, силно и бескомпромисно ќе одговориме на сета оваа злокоб на јавната сцена која ни ја доведе државата на работ на опстанок.

 

Целото интервју прочитајте го на следниот линк.