Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија.
Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов.
На автопатот Струма синоќа загинаа 46 македонски туристи, меѓу кои 11 деца. Луѓето се враќаа во Скопје по патување во Истанбул. Преживеаја 7 лица, сите се во животна опасност и се сместени во „Пирогов“.