Четворица нови осомничени за перење пари во невладината на Боки 13

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека истрагата за случајот „Рекет“ се проширува на уште четири лица за перење пари и помагање во делот на измамата.

Дел од досега обвинетите, без да открие кои, Јовески рече дека барале да се постигне спогодба.

Според него истрагата се проширува со четири физички лица и едно правно, обивнителството ќе побара притвор за едно од нив а превентивни мерки за останатите.

Четворицата биле вмешани во трансферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до „Меѓународниот сојуз“.

Слични содржини