Јовевски: Имаше време да се слушнат проблемите на стопанствениците, овие мерки се задоцнети

414 прегледи

Во своето гостување во „24 анализа“, советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Лазар Јовевски се осврна на задоцнетите финансиски мерки од петтиот пакет, како и на тоа колку во моментов имаат несигурна работна позиција, а колку работници веќе го загубиле работното место од стартот на Ковид пандемиијата.

„Пред нас е период на премрежје, во секоја смисла. Доколку ова го слушавме лани, би можел да кажам дека ваквите мерки ветуваат, но во моментов сме 2021. година, и сета првично настаната ситуација е променета. Овие мерки се задоцнети, Владата имаше време да ги слушне проблемите на стопанствениците. Компаниите беа јасни и бараа итна финансиска и неповратна помош за оддржување на бизнисите. Ние изгубиме околу 60.000 работни места, за сега владините служби да се обидат да заштитат 61.000 работни места“, истакна Јовевски.

Слични содржини