ЈП Комунална хигиена спроведе активности за чистење на поголемите православни објекти во Скопје

од Andreja Salpe
379 прегледи

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за одржување на хигиената на поголемите православни верски храмови во сите скопски општини. Со помош на три автоцистерни, екипите на Претпријатието извршија рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и др.

„Во пресрет на најголемиот христијански празник-Велигден, реализиравме вонредни активности за одржување на максималното ниво на хигиената на верските објекти коишто во текот на празничниот викенд ќе ги посетат голем број наши сограѓани. Екипите на  ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници.“- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Слични содржини