50
Од Јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници „ЛАЈКА – Скопје“ информираат дека во станбениот комплекс „Ист Гејт“ непозната служба извршила заловување на бездомни кучиња.
„Денес во станбениот комплекс „East Gate Living“ непозната служба извршила заловување на бездомни кучиња микрочипирани на нашето прифатилиште и со ушни обележја на Град Скопје.
Истата служба веројатно извршува таков вид на приватни услуги постојано и како што прави одлив на кучиња овој пат, во следен сигурно прави и прилив.
Апелираме до сите, доколку некој ги препознае овие лица или возилото да ни се обрати веднаш.
Случајот ќе биде пријавен до надлежните институции за понатамошна истрага“. објавија на својата Фејбук страна.