ЈП Паркинзи на Општина Центар – поголем квалитет и грижа за околината со воведување на меѓународни ISO стандарди за управување

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денес официјално потпиша договор за сертификација на два светски признаени ISO стандарди

од Nikola Popovski
7 прегледи

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денес официјално потпиша договор за сертификација на два светски признаени ISO стандарди, со што започнува ново поглавје во унапредување на квалитетот на услугите и грижата за животната средина.

Стандардите кои ќе бидат имплементирани се:

  • ISO 9001 – меѓународен стандард за управување со квалитет, насочен кон подобрување на процесите и зголемување на задоволството на корисниците.
  • ISO 14001 – меѓународен стандард за системи за управување со животната средина и одржливо работење.

Ова е првпат претпријатието да добие ISO сертификација, со што дополнително се унапредуваат процесите според меѓународните стандарди.

„Со воведување на ISO стандардите поставуваме нови критериуми за транспарентно и одговорно работење, а со цел граѓаните да добијат побрза, поефикасна и поквалитетна услуга,“ истакна директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски.

Тој додаде: „ Истовремено, ISO 14001 е потврда дека нашата мисија не е само паркирањето, туку и грижата за почиста и поздрава животна средина во општината Центар и во градот. Со оваа имплементација правиме чекор поблиску кон европските стандарди и покажуваме дека и јавно претпријатие може да биде пример за модерно и одржливо управување.“

Имплементацијата ќе се одвива во наредниот период, со цел обезбедување системски и долгорочни решенија во работењето на претпријатието и зголемено задоволство кај корисниците.