Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Акцијата започна денес во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации.
-Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод. Полнењето веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа, велат од јавното претпријатие.
Со оваа модернизација се подобрува водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби на вода.
Со затварање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм по должина на линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. Никола Парапунов веќе нашиот тим ги заврши интервенциите.
-По должина на траса по Партизанска од кружен тек Ѓорче Петров до хотел Карпош каде се променети 5 воздушни вентили и 5 затварачи за истите на Ф200 поврзани на цевководот Ф1600
-Реконструиран е затварач Ф700 на бул. Партизански одреди со ул. Никола Парапунов
-Променет е затварачот на Ф400 на кружниот тек Порта Влае
-Реконструиран е затварач Ф600 на мостот Обединети Нации
-Реконструиран е затварач Ф500 на ул. Никола Парапунов
-Во овој момент во фаза на завршување е последната постапката за реконструкција на затварач Ф700 на ул. Никола Парапунов, која се изведува независно од останатите и за која не е неопходно затворање на главниот довод. Согласно Оперативниот План за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод со ангажирани повеќе од 160 стручно вработени меѓу кои ВКВ водоинсталатери, инженери, оперстори и возачи на специјални возила, ВКВ автомеханичари, ВКВ машинобравари, ВКВ механичари, ВКВ електричари, работници за дијагностика на дефекти и техничари кои ка вршат работата на терен и уште толку административни лица заедно со директорот ги подготовија и завршуваат согласно планот за постапување со механизација, алат и пумпи, велат од претпријатието.
За сите прашања во врска со статусот на операцијата Водовод и Канализација Скопје ќе бидат достапни за одговори во текот на целото времетраење на санацијата.