148
Директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, денеска на седницата на Советот на Град Скопје за советнички прашања, најавил дека претпријатието работи на воведување нова автобуска линија Радуша – Сарај.
Оваа линија се воведува по барање на околните жители, а по изготвената анализа која е во завршна фаза од страна на ЈСП Скопје.
Според Стојковски, новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населбата Радуша со Сарај, а жителите од Радуша ќе имаат редовен превоз.
Директорот Стојковски на денешната седница истакнал дека нема доцнење на редовните автобуски линии за општина Сарај и дека станува збор за редовна пракса на возење по летен возен ред со намален број линии.