ЈСП утре нема да вози по 9 часот наутро

од Radmila Tasevska

Автобусите на ЈСП утре ќе останат во гаражите по 9 часот наутро, одлучи Синдикатот на вработените во ЈСП. Вработените потоа ќе одат во Град Скопје за да ја проследат седницата која ќе се одвива таму, а на која на дневен ред се субвенциите за ова јавно претпријатие.

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.

Синдикалците од ЈСП велат, ако легнат парите за плата на сметка, возачите ќе ги вратат автобусите на улица.

Слични содржини