Југославија на почетокот на 80-тите години на минатиот век имаше најголема вредност на бруто домашниот производ (БДП) меѓу земјите од Балканот. Според податоците на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд и други меѓународни финансиски институции, тогашната поранешна Југославија имала економија што вредела повеќе од 70 милијарди долари.
Следна на Балканот била Грција, со нешто помалку од 57 милијарди долари и Романија со 46 милијарди долари. Зад нив се нашла Бугарија со 19,84 милијарди долари.
Грција во 1987 година ја достигна и ја престигна Југославија по вредноста на БДП, за во 1989 година да почне со нагло намалување на економијата на СФРЈ. Веќе во 1990-та година на листата се појавува првата поранешна југословенска република – Словенија, со вредност на БДП од 17 милијарди долари, на четврто место.
Освен Грција, сите останати балкански економии во периодот стагнирале, а Романија се одвои на второ место, значајно над Бугарија, Албанија и земјите што ја сочинуваа поранешна Југославија, пренесува Бизнис и финансии.
Од 2016-та година, Романија избива на прво место по вредност на БДП, меѓу балканските земји.