Јулија Навалнаја ги повика Русите на протести на денот на претседателските избори 

По смртта на својот сопруг, Навалнаја вети дека ќе ја продолжи неговата работа и имаше неколку впечатливи појавувања на политичката сцена на Западот,

од Бети Божиноска

Вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија, ги повика Русите да се вклучат во протестот на денот на претседателските избори – напладне на 17 март- и да гласаат против претседателот Владимир Путин или да го направат неважечко гласачкото ливче, пренесува „Ројтерс“, 

Во видео на „Јутјуб“, Навалнаја вели дека влече надеж од огромните толпи народ што се појавија минатата недела на погребот на нејзиниот сопруг кој почина во една арктичка казнена колонија на 16 февруари. 

Таа апелираше до луѓето на излезат на протестот на 17 март на кој повика и Навални пред да почине. Неговата идеја беше луѓето да се регистрираат за протест без ризик од апсење така што масовно ќе излезат во исто време на денот на избороите во градовите низ Русија. 

„Мора да го искористиме денот на изборите за да им покажеме дека постоиме и дека не има во огромен број. Ние сме вистински, живи луѓе и сме против Путин. Што ќе биде следно? Изборот е ваш. Можете да гласата за кој било кандидат освен за Путин. Можете да ги направие неважечко гласачкото ливче, да напишете НАВАЛНИ со големи букви на него или едноставно само да излезете пред гласачките места, а потоа да се свртите и да си одите дома“ истакна Јулија. 

По смртта на својот сопруг, Навалнаја вети дека ќе ја продолжи неговата работа и имаше неколку впечатливи појавувања на политичката сцена на Западот, вклучувајќи ја и средбата со Џо Бајден и обраќањето на Минхенската бзбедносна конференција и во Европскиот парламент. 

 

Слични содржини