ЈУЛИЈА НАВАЛНИ СЕ ВРАТИ ВО МОСКВА: Зошто долетала без децата?

од Nikola Popovski
353 прегледи

Сопругата на опозицискиот блогер Алексеј Навални, Јулија, која замина во Германија на 10 февруари, наводно во приватна посета, денес се врати во Москва.

На аеродромот, Јулија ги игнорирала новинарите кои ја чекале и не одговорила на ниту едно прашање.

Треба да се напомене дека за време на престојот во Германија, Навални го пропуштила изрекувањето на пресудата за нејзиниот сопруг за клевета против ветеранот од Втората светска војна Артеменко, како и разгледувањето на жалбата за издржување условна казна во случајот Ив Рошер поради проневера.

„Денес, Јулија се врати во Русија со лет од Франкфурт, но без децата, одлучувајќи да ги остави во странство. Очигледно ѝ се допаднало скијањето. Вистински патриоти на Русија, какви што се“, коментираат авторите на популарниот канал на Телеграм 112, објавувајќи снимки од Навални на аеродромот.

Слични содржини