Јунајтед би можел да го победи Челси за потписот на Обамејанг

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед испратил понуда за напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, објави Џанлука Ди Марцио.

„Црвените ѓаволи“ бараат да го засилат нападот пред да се затвори летниот преоден рок и се смета дека 32-годишниот Габонец е одлична опција.

Тој во последните денови беше блиску до договор со Челси, но клубовите допрва треба да се договорат за трансфер.

Обамејанг оваа сезона забележа еден настап во Ла Лига за Каталонците без постигнат гол.

Неговиот договор со тимот е до 30 јуни 2025 година.

Слични содржини