Јунајтед и Челзи во ЛШ, Тотенхем во Лига Европа

од Vladimir Zorba

Неверојатно возбудливото последно коло во Премиер лигата донесе одговори на многу прашања. Покрај шампионите Ливерпул и вице-шампионите Манчестер Сити, во Лигата на шампионите ќе бидат и Манчестер Јунајтед и Челзи, додека Лестер заврши на петтото место на табелата.

„Лисиците“, како Тотенхем, ќе играат во Лигата на Европа. Бурнемут, Ватфорд и уште порано Норвич сеселат во Чемпионшип. Првиот над линијата е Астон Вила.

Манчестер јунајтед освои место во елитата во судир со нивниот директен ривал Лестер. Сосема заслужено. Со головите на Бруно Фернандеш од пенал и Џеси Лингард во судиското надополнувањ, „ѓаволите“ следната сезона ќе патуваат во Лигата на шампионите, исто како и Челси, кој го совлада Вулверхемптон со 2:0.

Слични содржини