Јунајтед се откажа од купувањето на Амрабат

од Vladimir Zorba

Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабат нема да биде купен од Манчестер Јунајтед на крајот од актуелната сезона, пренесува Football Italia. Според изворот, шефовите на „црвените ѓаволи“ ја донеле одлуката бидејќи не се задоволни од нивото на игра на мароканскиот играч за врска.

27-годишниот фудбалер му се приклучи на британскиот клуб на едногодишна позајмица со опција за откуп, но во моментов изгледа дека 20-кратниот шампион на Англија нема да ја комплетира зделката.

Оваа сезона Амрабат одигра 17 некомплетни натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања во кои беше неефикасен. Договорот на играчот со Фиорентина е со важност до јуни 2025. Очекуваната цена на играчот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 28 милиони евра.

Слични содржини