Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг изјави дека неговиот тим се соочува со големи проблеми пред неделниот полуфинален натпревар од ФА Купот против второлигашот Ковентри
Во конкуренција поради повреди нема да бидат Рафаел Варан, Лисандро Мартинез, Лук Шо, Виктор Линделоф, Џони Еванс, Тајрел Маласија и Ентони Марсијал.
„Се соочуваме со големи проблеми. Хари Мегваер исто така имаше повреда, но се надевам дека ќе биде подготвен за недела. Проблеми имаа и Ентони и Скот Мектомини, но очекувам и двајцата да бидат во конкуренција за полуфиналето на ФА Купот“, изјави холандскиот стручњак.
Во сабота во полуфиналето на најстарото фудбалско натпреварување ќе играат Манчестер Сити и Челзи, а в недела Манчестер Јунајтед и Ковентри. Двата натпревари, како и финалето, кое е закажано за 25 мај, ќе се одиграат на лондонскиот Вембли, стадионот на кој ќе се игра и финалето од Лигата на шампионите на 1 јуни.