Преговорите да започнат веднаш, побара шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, во посетата во Скопје, потенцирајќи дека соседна Грција е заедно со Македонија на нејзиниот пат до европското семејство.

Но поддршката од јужниот сосед, сепак не е доволна – статус кво во преговорите со Бугарија. Комуникација меѓу двете земји има, но не и решение на повидок. Дијалогот со Софија сепак продолжува, вели министерот Османи.

Шанса за преговори

Тешко е да се каже зошто Радев го прави тоа. Постои динамика во Бугарија и од таму повикаа на дијалог. Многу е лесно ако почнеме јавно да дискутираме за овие прашања. Се уште даваме шанса за преговори, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за бугарското вето.

Според него, рано е да се зборува за периодот после јуни доколку остане ветото.

-Тежок ни е патот, но нема да се откажеме. Тоа не значи дека треба до бескрај да бидеме во оваа ситуација. Нашата определба е утврдена уште во 90-тите со независноста, но не можеме само да стоиме чекалницата. Треба да се работи на стратешки партнерства со одредени членки од ЕУ, оценува Маричиќ гостувајќи во емисијата „Клик плус“.
Вицепремиерот смета дека нема посебен интерес кај членките на ЕУ за разделување на Албанија од Македонија на европскиот пат.

-Мислам дека се уште нема расположение за такво нешто. Најдобро е двете земји заедно да ги почнат преговорите со ЕУ. Поминавме долг пат заедно, потврдува Маричиќ.

-До крај на јуни да се даде шанса на дијалогот и да се исцрпат сите можности. Желбата на ЕУ и САД оди во насока дека нема време за чекање и дека нема да донесе ништо добро. Досега не можам да кажам дека сме имале притисок да отстапиме по некое клучно прашање, додаде вицепремиерот за европски прашања.

На Самитот во јуни ќе треба да се одлучува за одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ, но без повлекување на ветото од страна на Бугарија, такво нешто нема да се случи.

Слични содржини