Јуниорот Георгиев освои злато на „Софија Опен Г1“

Таеквондистот на ТК „Бутел“ до златниот медал дојде со три победи, над натпреварувачи од Србија и од Бугарија.

од Бети Божиноска

Македонскиот таеквондист Дарко Георгиев освои златен медал во јуниорска конкуренција на 11. издание на силниот Меѓународен турнир „Рамус Софија Опен Г1“, што изминатиот викенд се одржа во бугарската престолнина.

Таеквондистот на ТК „Бутел“ до златниот медал дојде со три победи, над натпреварувачи од Србија и од Бугарија.

Златниот медал на Георгиев е продолжение на успесите кои изминатиот период ги забележаа таеквондистите на ТК „Бутел“.

На Светскиот Г1 Куп Топ Тирана одржан претходно овој месец Ведрана Тунески освои сребро, додека Теодор Стојановски се закити со бронзата.

Слични содржини