Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска ги повика балканските земји, кои се наоѓаат на предната линија во актуелната миграциска криза, да ја сменат „политиката на пропуштање на мигрантите“, пренесоа француските медиуми.

јункер

-Земјите, кои се наоѓаат на патот од Балканот кон Запад, а кој се претвори во една од главните маршрути на мигрантите кон Европа, треба да се грижат за гарантирање на процедурите и условите, изјави Јункер во интервју за гемрманскиот весник „Билд“ пред денешниот европски мини самит во Брисел за изработка на заеднички пристап кон кризата.

На средбата ќе учествуваат десет земји од ЕУ (Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија, Холандија, Словенија и Шведска), а, исто така, и Македонија, Албанија и Србија.

Според нацрт документот изготвен за средбата, се очекува учесниците на самитот да преземат обврска да го запрат натамошното пуштање на мигрантите од нивните земји без согласност на соседите.

„Европската комисија очекува секој да се придржува кон правилата, ако не сакаме Шенген да го доведем во прашање“, додаде нејзиниот претседател, повикувајќи ги балканските држави да и стваат точка на оваа политика.

Јункер акцентот го стави врз неодложноста за наоѓање решение.

-Секој ден е значаен. Во спротивен случај наскоро ќе станеме сведоци на тоа во студените реки на Балканот на најужасен начин да гинат цели семејства.

Организацијата „Амнести интернешенел“  вчера предупреди за надоаѓачка хуманитарна криза на Балканот, пред се, заради наближување на зимата./МИА

Слични содржини