Јупитер е најстарата планета во Сончевиот систем

од desk3
120 прегледи

Научниците откија дека Јупитер е најстарата планета во Сончевиот систем. Стара е 4,5 милијарди години.“Бидејќи немаме примероци од Јупитер (за разлика од Земјата, Марс, месечината и од астероиди), во нашето истражување користиме изотопски потписи во железни метеорити кои доаѓаат од астероидите, за да ја утврдиме возраста на Јупитер”, рече шефот на меѓународниот тим Томас Кроиер од националната лабораторија “Лоренс Ливермор” во Калифорнија.

Тоа, според научниците, објаснува зошто во Сончевиот систем нема карпести планети со маса поголема од земјината.