Јута го трејдуваше Донован Мичел, голема „бомба“ во НБА

од Nikola Popovski
196 прегледи

Трејд кој ја потресе НБА донесе уште една голема ѕвезда да ја промени средината.

Асот на Јута Џез, Донован Мичел, е трејдуван во Кливленд Кавалирс, тврдат познати НБА инсајдери.

Кавалирс ги испратија Лаури Марканен, Колин Секстон, Очаио Агбаи и три незаштитени пикови од првата рунда на драфтот и две пик замени за ѕвездата на Јута.

Марканен и Секстон беа избрани во топ 10 на драфтот.

Адријан Војнаровски, американски новинар, наведува дека Кливленд сега стана еден од посериозните тимови на истокот, бидејќи Мичел има уште три години од договорот.

Кавалирс сега ги имаат и Дариус Гарланд и Џерет Ален, како и Еван Мобли, за кој се предвидува дека ќе биде иден Ол-стар.

Во оваа прилика, Мичел веќе се огласи на социјалните мрежи, одговарајќи на коментарот на Гарланд „Десетка и пајак“, со два извичници, со што истакна дека можеби му се допаднал ваквиот епилог.

Донован во Јута играше пет години, почнувајќи од 2017 година и никогаш не постигна помалку од 20 поени во просек.