„Јутарњи лист“: Осомничената за убиството на Тот се смеела после апсењето

од Nikola Popovski

Однесувањето на Клементина Левковска, 19-годишната девојка која е во притвор за бруталното претепување и убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот (27) пред скопскиот клуб „Привилиџ“ ги изненадило полицајците во полициската станица откако била приведена, пишува хрватски „Јутарњи лист“ од свои извори.

„Таа само се смееше, како да ја уапсиле за кражба на литар мастика во продавница, а не за насилна смрт“, вели извор запознаен со истрагата за убиството на играчот на скопскиот РК Бутел, пишува хрватскиот весник.

Според медиумот, „Привилиџ“ во Скопје е познат како фолк клуб во кој одат млади и дека не е можно во тоа време освен учесници и сведоци на влезот, никој да не поминувал од паркингот до влезот во дискотеката и шеталиштето покрај Вардар и ништо да не видел.

Ракометарот Денис Тот беше претепан минатиот четврток пред влезот на ноќниот клуб, по што беше пренесен на КАРИЛ, каде што после борба на лекарите за реанимација, почина наредниот ден. За неговото убиство, покрај Левковска, осомничени се и Анџело Ѓорѓиевски и Андреј Костовски, кои исто така се во притвор.

Слични содржини