Хрватска нема да биде хот-спот, нема да задржуваме поголем број на луѓе од она што можеме да примиме, порача премиерот Зоран Милановиќ. Премиерот вака и одговори на Словенија која бара Хрватска да не пропушта повече од 1500 бегалци дневно и тоа во моментот додека од Македонија стигаат вести за тоа дека за време на викендот од Грција стигнале 10 000 мигранти.
Репортерот на Јутарњи јавува за драмата на границата со Хрватска. Полицијата не ги пушта бегалците,луѓето ги ловат по нивите, а бегалците молат-„Пуштете не, ќе умреме овде“.Илјадници бегалци измрзнати чекаат на границата меѓу Хрватска и Србија.
Според податоците на УНХЦР вчера во Србија влегле скоро 10 000 бегалци. После делумната блокада на словенечката граница и хрватската полиција почна да го ограничува бројот на луѓе кои влегуваат од Србија.
-„Додека не се реши проблемот во Грција и Турција, ова ќе продолжи. Единствен начин е луѓето да наидат на физичка бариера, а тоа е ѕид, тоа е жица. Тоа за сега не го правиме ни ние, ни Словенците, ни Австријците, ни Германците“-изјави премиерот на Хрватска.
Сепак владата на Хрватска е подготвена да гради ограда на границата со Србија,