Јутјуб избриша 30.000 видеа поради ширење лаги за вакцини

од Vladimir Zorba
404 прегледи

Во последните пет месеци, Јутјуб избриша повеќе од 30.000 видеа што ширеа теории на заговор за вакцините против Ковид-19. Портпаролката на Јутјуб рече дека снимката е во спротивност со информациите за вакцините кои доаѓаат од Светската здравствена организација и други здравствени власти, како што е британскиот NHS (јавен здравствен систем).

Во октомври минатата година, Јутјуб објави забрана за дезинформации за вакцините со цел да се потиснат обидите за дискредитација на глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19.

Компанијата наведува дека минатата година отстранила повеќе од 800 илјади снимки, кои ширеле дезинформации за пандемијата. Оваа бројка опфаќа поголем број теми отколку самата вакцина, но сите овие снимки споделуваат медицински неосновани тврдења за вирусот.

Некои од снимките даваа лажни тврдења за вакцина која убива луѓе, предизвикува неплодност или содржи микрочип што ќе биде вграден кај лицата со вакцина.

Во раните фази на пандемијата, пишува Би-Би-Си, Јутјуб беше своевидно прибежиште за многу теоретичари на заговор кои изнесуваа неосновани тврдења за Ковид-19, па дури и лажни тврдења за чудесни лекови.

И покрај забраната за ваква содржина на Јутјуб, откривањето и бришењето на ваквите видеа е сè уште голем предизвик за сите социјални мрежи.

Слични содржини