Јутјуб ќе пушта премиерно филмови и серии

од Vladimir Zorba
93 прегледи

YouTube потпиша договор со Awesomeness TV за емитување на различни играни филмови во следните две години.750847

Станува збор за филмови кои премиерно ќе бидат прикажани во YouTube, a потоа и на други места. Освен филмови ќе бидат прикажани и оригинални серии.

Ова се дел од новините кои YouTube ќе ги предложи како ексклузивни содржини што ќе се плаќаат. Оваа содржина ќе биде резервирана за корисниците кои ќе се претплатат на овие услуги.