Јуве купува нов дефанзивец на местото на Бенатија

од Vladimir Zorba

Италијанскиот шампион Јувентус ќе привлече нов централен дефанзивец до крајот на трансфер прозорецот, соопштува „Sky Sport Italia“.

Причината за ова е дека Меди Бенатија е пред преминување во катарски Ал Духаил за 10 милиони евра.

За негов заменик, „бјанконерите“ разгледуваат неколку имиња. Тоа се Езекиел Гарај од Валенсија, кој веќе подолго време е поврзуван со „Старата Дама“, Бранислав Ивановиќ (Зенит), Мартин Шкртел (Фенербахче), Бруно Алвеш (Парма) и Мартин Касерес (Лацио).

Последниот има два престои во Јуве и освои пет титули со „црно-белите“. Во срцето на одбраната Макс Алегри го има капитенот Џорџо Киелини, Леонардо Бонучи, Даниеле Ругани и ветеранот Андреа Барзали.

Првиот сепак е подложен на повреди, а во комбинација со заситена програма, староста на Барзали и претстојната продажба на Бенатија, ќе ги натера Јуве да се зајакнат со нов дефанзивец.

Потсетуваме дека од есента 2016 година наваму Киелини добил вкупно 13 повреди, некои полесни, други посериозни. Слабо место е бутот, откако 5 од повредите се токму таму.

И поради здравствени проблеми Киелини пропушти неколку важни натпревари за Јуве во Лигата на шампионите – финалето со Барселона (1:3), 1/8-финалните битки со Баерн (4:6 вкупен резултат) во 2016 година, како и неколку дерби дуели во Италија.

Слични содржини