Јувентус го казни Влаховиќ – Србинот ќе осети по џебот

од Симе Стоиков
194 прегледи

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ следниот месец ќе добие намалена плата на сметката поради црвениот картон што го доби на мечот со Џенова.

Според италијанските медиуми (La Gazzetta dello Sport), клубот ќе го санкционира својот најдобар стрелец со 70.000 евра поради недолично однесување.

Српскиот фудбалер заработи два жолти картони веднаш откако судијата свирна контра фаул во корист на голманот на Џенова, по еден дуел со Србинот во скокот.

Влаховиќ поради незадоволството доби жолт картон, па веднаш втор за нова реакција, а не успеа да се воздржи ниту кога го напушташе теренот.

Цело време гестикулираше, мрмореше, си зборуваше, па дури и му одговараше на тренерот. Нервозата го проголта во тој момент.

Влаховиќ во самиот финиш на мечот го остави тимот „на цедило“ при резултат 0:0, како и заврши натпреварот.

Тренерот на „бјанконерите“ Масимилијано Алегри веднаш по мечот најави дека Влаховиќ ќе биде казнет, ​​а сега се знае и за колкава сума.

Српскиот фудбалер практично нема ни да ја почувствува казната од 70.000 евра, бидејќи тоа е само 5% од неговата месечна плата. Поради црвениот картон ќе го пропушти натпреварот од следното коло против Лацио.

Слични содржини