935
Јувентус синоќа на „Олимпико“ во Рим ја совлада Аталанта со 1:0 и го освои Купот на Италија. Стрелец на единствениот гол беше Србинот Душан Влаховиќ во 4. минута по асистенцијата на Андреа Камбиасо.
Јувентус го освои Купот на Италија по рекорден 15-ти пат.
За Аталанта, финалето беше шесто во историјата на клубот. Тимот од Бергамо остана на единствениот трофеј освоен во 1963 година.